„Кремљ не знае дали Украина подготвува план за мир, бидејќи неодамнешните изјави на украинскиот претседател Володимир Зеленски за мирно решение не се реални“ изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Не знаеме ништо за наводниот план на Украина за мир. Ги слушнавме изјавите на претседателот Зеленски за тоа, но сето она што тој досега го кажа за тоа не соодветствува со реалноста, не може да се игнорира“, рече тој.
Песков додаде дека Русија и САД не започнале разговори за потенцијална средба меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џозеф Бајден, пренесува ТАСС.