Песков: Берлин се уште не иницирал телефонски разговор меѓу Путин и Шолц

Германскиот канцелар Олаф Шолц се уште не го поканил рускиот претседател Владимир Путин, ниту Берлин иницирал таква покана, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Шолц се уште не му се јавил на Путин и немам информации дали Германија го иницирала телефонскиот разговор“, изјави Песков за новинарите. Како што додаде, двајцата лидери треба да разговараат, пренесува ТАСС.

„Претседателот Путин останува отворен за дијалог, бидејќи тој, се разбира, ја следи главната цел да ги заштити интересите на нашите граѓани“, додаде портпаролот на рускиот претседател.