Перу прогласи вонредна состојба во Лима поради пораст на насилството
Претседателот на Перу, Хосе Хери, прогласи вонредна состојба во Лима во траење од 30 дена, во обид да се запре бранот на насилство што ја зафати земјата и придонесува за социјални немири, соопшти денеска владата во Лима.

Во телевизиско обраќање, Хери најави дека вонредната состојба ќе вклучува можно распоредување на војската за поддршка на полицијата, како и ограничување на одредени уставни права, вклучувајќи ја слободата на собирање и движење.
– Војните се добиваат со дела, а не со зборови, порача Хери, додавајќи дека владата преминува „од одбрана во офанзива“ во борбата против организираниот криминал.