Перо Антиќ го продава шампионскиот дрес од Фенербахче за да помогне на настраданите во Турција

Перо Антиќ – првиот човек на македонската кошаркарска федерација е дел од хуманитарна акција за помош на жртвите од земјотресот во Турција.

Во кариерата Антиќ играше за повеќе тимови меѓу кои и турски Фенербахче, а со овој клуб успеа да стане и европски шампион.

Антиќ го продава својот дрес со кој играше во финалето против Олимпијакос.

Дресот се продава на аукција, а парите од продажната ќе биде донирани за настраданите во земјотресот.