Министерот за локална самоуправа Златко Перински смета дека на претстојните избори иден градоначалник на Скопје ќе биде од партијата ВМРО-ДПМНЕ, но не потврди дали тој ќе биде кандидат за оваа позиција.
Тој одговараше на новинарско прашање пред настан во Гостивар дали е фаворит на Мицкоски за градоначалник на град Скопје и како котира.
– И самиот премиер Мицкоски во саботата, во својата изјава спомена дека внатрепартискиот процес во делот на спроведување на анкети сè уште не е започнат и тоа се очекува да се случи сега на почетокот на февруари. Убеден сум дека кандидатот што премиерот Мицкоски ќе го предложи на усвојување на извршните тела во рамки на нашата партија, ќе биде оној што ќе седне на градоначалничкото столче – рече Перински.