Пеп: Меси е најголемиот во историјата, се надевам дека ќе ја заврши кариерата како што доликува

Лео Меси сигурно ќе го напушти ПСЖ на крајот од сезоната. Францускиот шампион го суспендираше Лионел Меси на две недели без тренинг или натпревари поради неговото ненајавено патување во Саудиска Арабија, а подоцна ја намали казната. Аргентинскиот напаѓач веќе ја одлежа суспензијата, но лесно е можно веќе да го одигра последниот натпревар за парискиот клуб.

Тој треба да избере нова средина на лето, а актуелниот тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, под чие водство Меси стана најдобар во светот, сака да го види во Барселона: „Ќе направи се за да се врати во Барселона. Меси е најдобриот играч на сите времиња. Во последните 10-15 години Барселона имаше бум и тоа немаше да биде можно без него. Не зборувам за бројките, туку за неговото влијание врз играта, неговата убавина, неговата ефикасност, сè.

Никогаш не би помислил дека ќе заврши како што заврши. Убеден сум дека претседателот Лапорта го сака Лео, а откако си замина рече дека Меси заслужува збогување поради неговата важност. Лео му помогна на нашиот клуб да стане многу поголем отколку што беше кога пристигна.

Кога човекот е толку голем, мора да се збогувате на вистински начин. Замина поради многу тешки финансиски околности, од илјада причини во кои нема да навлегувам. Се надевам дека ќе дојде денот кога ќе седнам на моето место на Камп Ноу и ќе можам да станам и да аплаудирам, да се збогувам со Лео како играч на Барса на начин на кој тој заслужува“.

Меси во Барселона пристигна на 14 години, а за првиот тим дебитираше во 2004 година против Еспањол. Во дресот на Барса забележа 780 настапи, 672 гола и 291 асистенција. Тој освои 34 трофеи, од кои десет титули во шпанскиот шампионат и четири титули во Лигата на шампионите.