Американскиот и рускиот министер за одбрана, Лојд Остин и Андреј Белоусов, денеска разговараа по вторпат за нешто повеќе од две недели поради тензиите околу војната во Украина, соопшти Пентагон.
„Разговорот беше инициран од Русија“, објави на брифинг портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг.
„Остин ја истакна важностана на одржување отворени линии на комуникација за време на конфликтот во Украина, повеќе од две години по целосната инвазија на Русија“, рече Синг.
Портпаролката на Пентагон не даде дополнителни детали за разговорот.