Пенсилванија: Девојче си ја убило мајка си затоа што и го зела iPhone-от

Тинејџерка од американската сојузна држава Пенсилванија е обвинета дека ја избодела мајка си до смрт откако и го зела мобилниот телефон.

Припадниците на полицијата од локалната станица во Вилкс-Баре, Пенсилванија, во петокот попладне биле повикани да интервенираат по пријава дека една жена не дава знаци на живот, пренесува Newsweek.

По пристигнувањето на местото на злосторството, полициските службеници пронашле жена со повеќе убодни рани во пределот на вратот и грбот, а можеле само да констатираат смрт.