Пензионер упатил закани по животот на градоначалникот на Арачиново

Полицијата уапсила 69 годишен маж од селото Арачиново откако претходно добила пријава од градоначалникот на општината, Ридван Ибраими.

Тој вчера пријавил во СВР Скопје дека, додека тој не бил присутен во општинската зграда, Р.А. пред други присутни лица упатувал закани по животот на градоначалникот, а во врска со предмет за доделување на користење на земјиште.

По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „Загрозување на сигурноста”.