Пензионер уби две лица во Париз

Во престрелката во Париз две лица се убиени, а неколку се ранети. „Le Parisien“ објави дека напаѓачот е уапсен.
Престрелката се случила во близина на курдскиот културен центар Ахмет-Каја, а напаѓачот е 69-годишник, кој бил пензиониран од СНЦФ, каде работел како возач.

При апсењето, полицијата му го одземала и оружјето.

Полицијата ја повикала јавноста да се држат настрана од делот во градот каде што се пукало.