
Граѓанин на Босна и Херцеговина (67), кој живее во Офенбах, Германија, е прогласен за виновен откако бил обвинет дека пренесувал дрога за наркодилерите за кои работел.
Поточно, тој бил обвинет за 800 грама хероин што ги пренесувал, а кои полицајците му ги пронашле.
Овој пензионер, кој во слободното време се занимавал со ваков тип „курирски бизнис“, по судењето кое траело неколку дена, бил осуден на затвор во Окружниот суд Гинзбург.
Тој, наводно, најмногу работел во градот Гинзбург, каде извесно време бил на радарот на локалната полиција.
Полицијата соопшти дека бил забележан како се среќава со дилери на дрога. Покрај сето тоа, откриено е дека од Франкфурт на Мајна во Гинзбург пренел 800 грама хероин.