Пендиков се врати во Охрид, ќе го опише нападот врз него

Христијан Пендиков утрово се појави во Охрид за да даде изјава пред истражителите во Охрид, а ќе присуствува и на утрешното судење против напаѓачите кои на 19 јануари го претепаа затоа што се чувствувал како Бугарин. Ова му е прво враќање во родниот град по лекувањето во Софија, јави БГНЕС.

Тој треба да го опише нападот врз него и причините за него, иако според обвинителството инцидентот се случил поради тоа што Пендиков се чувствувал како Бугарин.

За време на последното судење беше прикажана видео снимка од нападот над Пендиков.

Еден од напаѓачите, Илија Спасески рече дека го разбира обвинението, но не се чувствува виновен, а неговите адвокати велат дека ќе докажат дека инцидентот не се случил поради етничка омраза.

Пендиков неодамна доби бугарски документи и стана бугарски државјанин.