Пендаровски 1, Силјановска Давкова 2 – утврден редоследот на гласачкото ливче за Претседател на државата

Со жрепка утврден редоследот на кандидатите на гласачкото ливче.

Тоа ќе изгледа вака

1.Стево Пендаровски

2.Гордана Силјановска Давкова

3.Стевчо Јакимовски

4.Бујар Османи

5.Билјана Ванковска

6.Арбен Таравари

7.Максим Димитриевски

Претседателските избори ќе се одржат на 24 април оваа година, а вториот круг ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори.

На 4 април на полноќ ќе започне изборната кампања за претседателските избори, а ќе заврши на 22 април на полноќ.