Пендаровски ќе одликува 13 истакнати дејци од македонската народна музика со Медал за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски, денеска на свечена церемонија во Филхармонија во пресрет на 11 Октомври, – Денот на народното востание, ќе ги одликува Анка Гиева и Виолета Томовска, и постхумно Пеце Атанасовски, Никола Бадев, Мирвет Беловска, Ајри Демировски, Васка Илиева, Вања Лазарова, Кирил Манчевски, Тале Огненовски, Кочо Петровски, Александар Сариевски и Јонче Христовски со Медал за заслуги за Република Северна Македонија.

Одликувањето се доделува за нивниот најголем придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки.