![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2023/05/thumbs_b_c_d1e4dfd5a8afe354a7f71b12724af843-750x430.jpg)
Претседателот Стево Пендаровски месецов ќе добие покачена плата за околу 72.000 денари, па месецов на сметката на претседателот ќе му се исплатат околу 165.500 денари нето, односно 254.000 бруто-плата.
Пендаровски останува на ставот дека е невкусно функционерите да добиваат повисоки плати во време на криза.
„Не постои законска основа за да се вратат средствата во државниот буџет. Што се однесува до разликата меѓу старата и новата плата, претседателот Пендаровски ќе ја донира во хуманитарни цели на ранливи категории наши сограѓани. Во однос на покачувањето на платите, претседателот Пендаровски смета дека е потребно да се најде законско решение за намалување на платите и претседателот очекува најбргу што може Владата да излезе со конкретен предлог“ – велат од Кабинетот на Пендаровски за „Макфакс“.