Пендаровски ќе го добие највисокото полско одликување од Дуда

Претседателот Стево Пендаровски у тре и ден потоа ќе престојува во официјална посета на Република Полска како гостин на полскиот претседател Анжеј Дуда.

Дуда ќе го одликува Пендаровски со највисокото полско одликување, Орден на Белиот Орел, додека претседателот Пендаровски ќе го одликува претседателот Дуда со Орден „8 Септември“, како симбол на партнерството и пријателството меѓу двете држави.

Шефот на државата ќе оствари средба и со премиерот на Република Полска, Матеуж Моравјецки, а заедно со претседателот Дуда ќе присуствува и ќе се обрати на тркалезна маса со претставници на полските комори и бизниси, како и македонски претставници од бизнис секторот, настан во организација на Полската агенција за инвестиции и трговија и Кабинетот на полскиот претседател.

За време на посетата, претседателот Пендаровски ќе положи венец на Гробот на незнајниот војник и ќе одржи предавање на Колеџот на Европа во кампусот Натолин, Варшава.