Пендаровски со поддршка за интегритетот и суверенитетот на Украина

Македонскиот претседател Стево Пендаровски изрази цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

„Поредокот базиран на меѓународното право е основа во меѓународните односи, чии принципи мора да се почитуваат. Грубото кршење на меѓународното право е закана за цивилизацијата“ напиша Пендаровски на Твитер.

И премиерот Димитар Ковачевски ја осуди одлуката на Русија да ја признае самопрогласената независност на украинските региони Доњецк и Луганск.

„Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Доњецк и Луганск како самонаречени „Народни републики“. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015“ – напиша Ковачевски на Твитер.