Поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ќе се откаже од дел од привилегиите кои му следуваат согласно законот, односно, нема да ја користи доживотната пензија, но ќе користи канцеларија со тројца вработени од неговиот поранешен кабинет, соопштија од неговиот кабинет, за ЦИВИЛ Медиа.
Со оваа одлука, Пендаровски е првиот претседател на државата кој се откажал, односно нема да ги користи привилегиите по завршување на мандатот, како што тоа го прават сите негови претходници.
Правата кои произлегуваат од највисоката државна функција ги користат поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.
Пендаровски веќе во септември 2019 година најави дека по завршување на мандатот, ќе се откаже од доживотната пензија и другите привилегии, но, и тогаш нагласи дека по истекот на мандатот, смета дека би требало да му се обезбеди просторија во некоја од државните институции каде како поранешен претседател би ги извршувал протоколарните активности.
Во согласност со безбедносните проценки, од МВР ќе продолжат да го обезбедуваат поранешниот претседател.