Пендаровски: Сведоци сме на историски чин за националната историја

Честитки до сите православни верници во Македонија, денеска бевме сведоци на историски чин за нашата македонска национална историја. Ова меѓудругото стои во објавата на Фејсбук на Претседателот на државата – Стево Пендаровски.

„Денеска, aрхиепископ г.г. Стефан на македонски јазик богослужеше заедно со вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј и архиереите на вселенската патријаршија. Нашата црква е во канонско единство во православниот христијански свет. Благодарност до вселенскиот патријарх г.г.Вартоломеј“ – пишува во објавата на Пендаровски.