Пендаровски по триумфот: На чекор до Катар, благодарни сме на радоста што ни ја приредувате!

„На чекор до Катар, благодарни сме на радоста што ни ја приредувате“ напиша синоќа на Фејсбук претседателот Стево Пендаровски по победата на македонската фудбалска репрезентација.

„Нашите фудбалски херои веќе ја испишаа историјата на македонскиот фудбал. Честитки за победата, пожртвуваноста, храброста и борбеноста во играта на нашата македонска фудбалска репрезентација против силниот противник“ – напиша Пендаровски.

Синоќа во Палермо македонските фудбалери направија вистинска сензација победувајќи го актуелниот европски првак Италија со 1:0 во полуфиналето од плејофот за Светското првенство 2022.