Македонскиот претседателот Стево Пендаровски вечерва на тв Сител изјави дека Македонија уште на 5. ноември лани била информирана за инвазијата на Русија врз Украина.
„Ќе ви дадам еден податок кој не е познат во јавноста за да сфатиме колку е битно што влеговме во НАТО. Првите потврдени сознанија дека Русија подготвува инвазија на Украина на цела територија, ние како што сме овластени преку НАТО механизмите ги добивме на 5 ноември минатата година. Она што е запрепастувачки е тоа што беше предвидено во однос на времето на напад промашувањето беше само за 3 дена, пред четири месеци прогнозата а во однос на обемот на операцијата дека ќе се напаѓа баш од овие три четири магистрални правци немаше никакво промашување. Тоа е огромен бенефит пред време да знаете да се позиционирате“ – рече Пендаровски.
Тој изјави дека предлогот за Украина да добие статус на земја што ќе ги започне преговорите со ЕУ е добар сигнал за Македонија.
„Нашите аргументи се дека давањето статус на кандидат за членство во ЕУ, дава дополнителен буст и мотив на Македонија. Западниот Балкан е на маргините на европските граници“ – вели Пендаровски.
Појаснува дека Украина не е далеку од Македонија.
„Гледаме дека кризата не е толку далеку да се прошири. Денес видовме како белорускиот претседател Лукашенко на една презентација на зоните ја покажува Молдавија, Бугарија има водна граница со Украина. Треба да бидеме внимателни“ – рече Пендаровски.