Реакција на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски за нападот на екипата на ТВ24 пред куќата која била пријавена како место за престој на контроверзниот Украинец, Олександр Онишченко, кој добил македонско државјанство.
„Најостро го осудувам нападот врз снимателот на ТВ24, Љубиша Игнатов. Медиумските работници мора да бидат слободни да ги извршуваат своите работни обврски и недозволиви се напади кои ја загрозуваат нивната безбедност и ги обесхрабруваат да работат во корист на јавниот интерес и граѓаните кои од нив очекуваат навремени и проверени информации. Очекувам брза истрага од надлежните институции и соодветни санкции за сторителот на делото“, напиша Пендаровски на Фејсбук.