„Ако ја добијам вашата доверба и во следните 5 години, ќе продолжам да работам за плата, а не за проценти, ќе продолжам да ги третирам сите луѓе, на еднаков начин, независно, на кој народ му припаѓаат, или за која партија гласаат. Секогаш ќе ги помагам и ќе ги почитувам младите, чиј професионален успех не се должи на партиски или фамилијарни врски, ќе им помагам на понижените, да доијат човечки третман тамиу каде што живеат, и ќе продолжам да го критикувам криминалот и високата корупција,“ рече претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски на граѓанскиот митинг во Штип.
Тој ја побара довербата од граѓаните посочувајќи дека, македонската јавност е сведок дека 5 години во континуитет, јавно ги осудува грешките на сите кои ги кршат законите.
„Мојата политичка филозофија секогаш била против поделбите меѓу луѓето по било која основа. И денес гарантирам, не постои ниту еден човек во оваа држава кој може да каже дека бил од мене, како претседател дискриминиран по било која основа,“рече Пендаровски.
Тој повика на голема мобилизација на изборите на 24 април и 8 мај. И ги повика да гласаат за бројот 1, затоа што само така Македонија ќе оди напред и нема да се враќа назад и да заглави во балканската кал.