Зборувајќи за состојбата во државата кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во вечерашниот телевизиски дуел посочи дека во нивно време, а тоа е истата партија која сега ја поддржува Силјановска Давкова, државата беше заробена, што е најлошата можна квалификација во историјата на Македонија.
„Дали знаете кога прв пат за Македонија е употребен изразот хибриден режим? Во 90-те со масовните приватизации и грабежи кога вие бевте членови на политичките влади, и во која бевте од првите, со вашиот сопруг, транзициони профитери. Се е точно, тоа се факти. Од ваше време е тој циклус. Апсолутно, имате извештај“, рече Пендаровски.
Во оваа насока тој додаде дека таа и нејзиниот сопруг, во тој период се збогатиле со помош на тогашната криминална структура.
„Јас имам госпоѓо денеска само 62 квадрата, а вие имате несразмерно зголемен имот и тоа го знаат сите. Па како имате земјоделски комбинати купувано во тоа време? Имате илјадници. Фришопот не е на вашиот сопруг? Милион евра, милион марки на ден. Видете, министер во влада и дава фришоп на министерка во влада. Министер за внатрешни работи ви дава фришоп. Или не ви дава? Фришопот го добија 4-5 души привилегирани во врски со политичкиот врв во тоа време. Вие обвинувате за криминал човек кој нема цент украдено“, потенцираше Пендаровски.