Претседателот на државата Стево Пендаровски во емисијата 24 анализа истакна дека студентите од 1991 со право се бунат за улосвите под кои студираат иако постои позадина и посуштенски проблем, а тоа е квалитетот на образованието. Или колку ќе најдат работа според образованието на нашиот пазар.
– Ова што го гледам еден од предводниците на последните протести имаше коректна реченица, не би сакале да видиме политичари меѓу нас. Најдобриот начин да убиеш еден протес е политички да го обоиш. Сме имале и партиски и етнички. Во овој момент треба и власта и опозицијата да се најдат зошто гледаме дека и двете страни имаат предлози како да им излезат во пресрет на барањата на студентите и најдобро е тоа да го договорат во Парламентот. Има основа за таквите барања. – рече Пендаровски.
Во врска со државјанството на украинецот Олександр Онишченко ставен на црната листа на САД, рече дека станува збор за сериозен удар врз кредибилитетот на една земја членка на НАТО во очите на другите сојузници.
– Станува збор за човек чија биографија ја знаеме кој е на црната листа, но е поврзан со други индивидуи и груи и не е поврзан само со изборите за претседател во Америка во 2016. Има четири сектори во рамките на АНБ. Владата на крајот носи позитивна одлука. Треба да се сконцентрираме на интерната истрага во АНБ. Четвртиот сектор во АНБ е за соработка со странски служби кои се наши партнери во НАТО. Ако е точно тоа што го знам, вклучително и овој сектор, тоа е голем удар за кредибилитетот за АНБ. Мора да ја извлечеме одговорност за овој случај. Ако човекот се мешал во нивните избори, со кои очи ќе ги погледнеме Американците. Нема да не гледаат со исти очи. Имаше и реакција од Америка како е можно ова да се случи? Ако Димовски е одговорен з тоа, нема да оди за амбасадор. – рече Пендаровски.