Пендаровски за Апасиев: Тој е психопат, што можеш да очекуваш од таква гнида од човек

Претседателот Стево Пендаровски со коментар за навредите на социјалните мрежи од Димитар Апасиев од Левица:

„Крајно нечовечки, пцовката сама по себе, а особено да пцуеш гроб на почината мајка, тоа е нешто што не се простува. Таков јавен став може да искаже човек кој или е ушмркан, или му фали нешто во главата. Јас стварно мислам дека тој психопат, не е со сите.Тоа е изјава без преседан во современа Европа. Тој немаше храброст да ми го каже таа пцовка во очи, него се криеше во некој подрум и зад некоја тастатура и праќаше пораки. Ви гарантирам дека избран пратеник во ниту еден европски парламент не пцуе починати родители на друг колега политичар. На Балканот тие работи особено ако имаш нешто меѓу нозе ги кажуваш во очи. Тој немаше храброст да ми ги каже во очи, туку се криеше во подрум и зад некоја тастатура и испраќаше пораки. Неговите пораки за сечење, бесење, колење ги испраќа преку фејсбук. Од друга страна што можеш да очекуваш од таква гнида од човек, да ти дојде во очи и да ти го каже тоа бидејќи знае кои се консеквенсите. Не само јас, туку секој нормален човек за починат родител не би му простил и знае што ќе добие во таква ситуација. Преку глава ми е од таквите фејсбук патриоти, големи македонски мажиња кои не туркаат во обратна насока од демократија“ – рече Пендаровски.

Сепак, повторно следуваше реакција од Апасиев, во нему својствен стил: