Пендаровски: Една од најголемите навреди на интелигенцијата на македонскиот граѓанин е кога европската преговарачка рамка ќе ја наречеш „бугарски диктат“

Стратешкиот договор со САД и членството во НАТО се гарант за стабилноста на државата и за регионот во целина, вели Македонскиот претседател Стево Пендаровски во интервју за „Фронтлајн“.

Зборувајќи за актуелната политичка состојба во земјата, Пендаровски во интервјуто нагласува дека наративот што за неопходните уставни измени го користи опозицијата е директно спротивна на македонските стратешки, национални и државни интереси.

„Една од најголемите навреди на интелигенцијата на македонскиот граѓанин е кога европската преговарачка рамка ќе ја наречеш , `бугарски диктат`“ – вели Пендаровски во интервјуто.