Шефот на државата – Стево Пендаровски со честитка по повод Денот на трудот – 1. Мај. Вели дека е вистинска можност за потсетување на нашиот стремеж кон подобро и поправедно, европско општество.
Како држава, вели тој, треба постојано да вложуваме напори за унапредување на правата на сите работници.
„Да се бориме за вистинска валоризација на секој работник и работничка во земјата, на секој поединец кој преку својата дејност, со својот труд и пожртвуваност придонесува за заедничкото добро. Први мај е вистинска можност за потсетување дека нашиот стремеж за подобро, поправедно, европско општество во секој сегмент од животот треба со заеднички сили да го преточиме во секојдневие. Наша задача не е само да ги обезбедиме и штитиме, туку постојано да ги унапредуваме работничките права. Да бидеме гласни кон неправдите, да ги почитуваме работниците и нивното право на достоинствен живот, зашто само така ќе успееме во толку потребниот прогрес, што секој работник и секој граѓанин го заслужува. Честит 1 Мај“ се вели во честитката на Пендаровски.
Тој им оддава почит на сите работници.
„Со надеж дека ја испраќаме пандемијата во заборав, денеска им го честитам Меѓународниот ден на трудот на сите граѓани, работници и борци за подобро утре. Како и во екот на кризата, така и денеска, оддаваме почит на сите работници без кои тешко ќе успеевме да ја надминеме здравствената и економско-социјалната криза“ – вели Пендаровски.