Пендаровски го обвини Фрчкоски за „заткулисни маневри и кафеанско озборување“
Екс претседателот на Македонија – Стево Пендаровски одговори на обвинувањата на екс министерот за внатрешни, Љубомир Фрчкоски дека „мешетарел“ во СДСМ и дека наводно работи на тоа да дојде до смена на актуелниот лидер на партијата, Венко Филипче.

„Во врска со изјавата на Љубомир Фрчкоски дадена во емисијата ‘Во Центар’, во која во негативен контекст го споменува моето име, сакам да го дадам следново појаснување. Изјавата е проблематична минимум на две нивоа: македонската јавност добро знае дека во моето 30-годишно бавење со јавните работи никогаш не сум ‘мешетарел’ како многу други во чии кариери нема ништо друго освен заткулисни маневри и кафеанско озборување. Меѓутоа, многу поголем проблем е што изјавата е целосно одлепена од реалноста и фактите, што, за жал, се случува кај некои луѓе поради ‘квалитетот’ на изворите со кои се дружат“ напиша Пендаровски на социјалната мрежа Фејсбук.
Инаку, Фрчкоски синоќа во гостувањето во емисијата „Во Центар“ иако нагласи дека нема да зборува за имиња, сепак директно го спомена Пендаровски:
„Ме чуди тоа што мешетари Стево Пендаровски. Нема потреба од тоа. А мешетари без везе“.
Фрчкоски во емисијата ја повтори својата идеја за создавање „голема владина коалиција“ меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.