Пендаровски вчера испратил порака до Ердоган за брза екстрадиција на Љупчо Палевски

Претседателот Стево Пендаровски вчера доставил порака до кабинетот на турскиот колега Реџап Таип Ердоган за екстрадиција на Љупчо Палевски, осомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежоски.

Од кабинетот на Пендаровски не соопштуваат повеќе детали за содржината на пораката.

Оваа порака следува откако Пендаровски во интервју порача дека ќе се обрати до Ердоган за брза и ефикасна екстрадиција на Палевски.