Македонскиот претседател Стево Пендаровски вечерва во Охрид оствари средба со претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел, кој е во посета на Македонија како дел од неговата регионална турнеја во земјите од Западен Балкан.
Двајцата разговараа за европското досие на Македонија, предизвиците и можните модалитети за нивно надминување. Се осврнаа и на воената руска агресија во Украина, можните безбедносни закани во регионот и пошироко, како и на справувањето со економските предизвици соочени со ефектите од здравствената и енергетска криза.
„Разменија мислења за најновите идеи за создавање „Европска геополитичка заедница”, при што од страна на претседателот Пендаровски беше потенцирано дека секоја идеја која ќе обезбеди продлабочена оперативна соработка за справување со заедничките предизвици и интереси, како што се стабилноста и безбедноста на европскиот континент и која нема да биде замена на политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан, е добредојдена“ – се наведува во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.
Претседателот на Фејсбук напиша:
„Добредојде во Охрид за претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел кој ја заокружи својата регионална турнеја со посета на Северна Македонија”.