Кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски денеска на митинг во Штип истакна дека ќе мора да направат максимална мобилизација за да спречат враќање на режимот, бидејќи по сите специфики: политички, логистички и други разузнавачки, било какви, тие ќе бидат режим број два. Според него, потоа нема да има демократски избори и никој да не се надева дека ќе има легитимни, легални и транспарентни локални избори.
„Ние кога сме биле на власт, оваа политичка структура сме организирале демокртаски избори и сме ја предавале власта, кога ќе сме ја изгубиле. Тие не само што организираат недемократски избори, туку и на такви избори во 2016 година, кога ја изгубија власта, со сила сакаа да ја задржат“ – рече Пендаровски.
Посочи дека во одредени делови во земјата постои малку обескураженост за резултатите од првиот круг, но како што рече има образложение.
За првпат во историјата имаше седум кандидати во првиот круг, кој секој го зема својот дел од електоратот.
„Меѓутоа ви тврдам, ве уверувам дека не само да го кревам вашиот и мојот морал, затоа што тоа е објективна политичка проценка, која ќе се покаже на 8 мај дека гласовите на овие што испаднаа од првиот круг, петмина, вкупно околу 330.000 гласови се многу блиску до овој концепт, која јас го заговарам, го застапувам, го промовирам изминатите години, а сите вие го поддржувате. Значи тие што испаднаа ќе си одат со своите политички субјекти на парламентарните избори, ќе видеме како ќе поминат. Но, во овој другиот дел на претседателските избори да немате никакви дилеми дека најголемиот дел од нив сакаат стабилна Македонија, сакаат Македонија со извесна иднина и сакаат Македонија да биде интегрирана во развиениот свет“, рече Пендаровски.