Пелоси пристигна во Сингапур

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, денеска пристигна во Сингапур, со што ја започна својата азиска турнеја, но се уште не е јасно дали таа ќе го посети Тајван.

Пелоси ќе разговара со сингапурскиот претседател Халимах Јакоб и премиерот Ли Сејлунг, а ќе се сретне и со голем број членови навладата, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Сингапур.

Во текот на викендот, Пелоси објави дека ќе ги посети и Малезија, Јужна Кореја и Јапонија за да разговара за трговијата, пандемијата „Ковид-19“, климатските промени, безбедноста и „демократското владеење“.

Таа не ги потврди вестите дека можеби ќе го посети Тајван.