Пелистер победи за титула во македонскиот ракомет

Пелистер го доби дербито со Вардар клучно за титулата во македонската ракометна Суперлига, оваа сезона. Битолчани славеа со 26-23 во својата сала „Боро Чурлевски“, со што дојдоа на три бода пред скопскиот вечен ривал, при само две кола до крајот на плејоф-фазата. Потребно е Пелистер само формално да ги добие преостанатите два меча со што ќе ја сочува предноста и официјално ќе стане шампион на Македонија седми пат.