Пеливанов е нов шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција

Обвинителот Трајче Поливанов ќе биде привремен шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, откако неодамна шефицата Вилма Русковска беше суспендирана.

Оваа одлука денеска беше донесена на седница на Советот на јавните обвинители, а ќе важи се до изборот на нов шеф на организиран, бидејќи мандатот на Русковска истекува во ноември.
Тогаш ќе треба да биде распишан оглас, а изборот за прв пат ќе се врши преку гласање на сите обвинители.

Обвинителот Пеливанов беше и дел од тимот на СЈО.