
Легендата на бразилскиот и на светскиот фудбал – Пеле по завршување на вчерашното финале се огласи на својот Инстаграм профил. Тој напиша дека титулата Светски шампион за Лионел Меси е „заслужена со неговата кариера“ и додаде дека му честитал на својот драг пријател Килијан Мбапе.
Аргентина ја освои третата титула на Мундијалот, победувајќи ја Франција во финалето, на пенали.
„Честитки за Аргентина. Диего (Марадона) сигурно се смее сега“, напиша Пеле, кој се лекува во болница од рак на дебелото црево.
Капитенот на Аргентина, Лионел Меси е прогласен за најдобар играч на првенството.
„Денес фудбалот продолжува да ја раскажува својата приказна, како и секогаш на возбудлив начин. Меси го освои своето прво Светско првенство, а со својата кариера го заслужи тоа. Мојот драг пријател Килијан Мбапе постигна четири гола во финалето (вклучувајќи и еден во пенал рулетот). Каков подарок беше да се биде сведок на овој спектакл“ – напиша Пеле.
View this post on Instagram