Пеле – најдобар централен напаѓач во историјата на фудбалот

Британското издание „Give me Sport“ го прогласи Пеле за најдобар напаѓач во историјата на фудбалот.

Најдобриот унгарски фудбалер од минатиот век, Ференц Пушкаш е втор, додека Германецот Герд Милер се најде на третата позиција.

Во рангирањето не беа вклучени Португалецот Кристијано Роналдо и Аргентинецот Лионел Меси, затоа што за време на нивните кариери играа на друга позиција.

Најдобри офанзивци во историјата на фудбалот во изборот на „Give me Sport“.

1. Пеле

2. Ференц Пушкаш

3. Герд Милер

4. Ромарио (Бразил)

5. Еузебио (Португалија)

6. Алфредо ди Стефано (Аргентина)

7. Роналдо (Бразил)

8. Тиери Анри (Франција)

9. Џими Гривц (Англија)

10. Вејн Руни (Англија).

При составувањето на рејтингот, беа земени предвид бројот на постигнати голови, освоени трофеи, како и лични награди.