
Грција ќе биде погодена од интензивен топлотен бран почнувајќи од утре, кој ќе трае најмалку до петок, а се очекува дека во текот на следните 24 часа температурата на воздухот во некои делови од земјата ќе надмине 44 степени Целзиусови, објави денес Националната метеоролошка служба.
Heat wave in Greece 🇬🇷🥵🥵🥵
Tuesday 22nd to Friday! https://t.co/9zyNNDTzrV— Niki Morgan 🖖🏼🌿✨🏛️🤿☮️ (@morgannike49) July 19, 2025
Високите температури ќе ги предизвикаат екстремно топлите воздушни маси од Африка, кои се движат кон Грција и Балканот, објавува Катимерини.
Според прогнозата на Грчката метеоролошка служба, температурата на воздухот на Балканот од понеделник до петок ќе биде до десет степени повисока од просечната вредност за периодот од 1991 до 2020 година.