За само две недели од декември, температурата во Пекинг вкупно 300 часа била под нулата, што е рекорд откако во 1951 година почнала прецизно да се мери температурата.
Главниот град на Кина постигнал и рекорд на десет дена едно по друго во кои температурата на воздухот се спуштала под минус 10 Целзиусови степени.
Кина е на удар на интензивен студен бран, уште пред да почне календарската зима. Во некои региони температурата се спушти и до 40 степени под нулата.
Делови од провинцијата Хенан, јужно од Пекинг, останаа без греење поради дефект на котлите на комплексот „Џијаѕуо“. Компанијата изрази надеж дека дефектот брзо ќе биде поправен и дека греењето ќе продолжи од вторник.