„Европа мора да се подготви за најлошото сценарио – целосен прекин на испораката на руски гас оваа зима“, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез.
Тој истакна дека никој не знае што ќе се случи, па дури ни Владимир Путин.
„Ниту рускиот претседател веројатно не знае какви чекори ќе преземе, но најверојатно е целосно исклучување на рускиот гас во Европа“ – рече премиерот, говорејќи во шпанскиот Парламент.
Санчез додаде и дека Владата ќе ја ограничи цената на гасот за индустријата.