Паѓа цената на нафтата, биткоинот е најниско од јануари!
Цената на барел нафта на лондонскиот пазар утринава изнесува 112 долари, што е за 1 отсто помалку од вчера.
Цената на нафтата на американскиот пазар, пак, изнесува 110 долари за барел, што е зголемување за околу 1 отсто, во однос на истиот период вчера.
За биткоинот има големо намалувањем достигна најниско ниво од јануари.
Биткоинот падна на 33.266 долари во утринското тргување во Азија, приближувајќи се на најниското ниво од јануари, кога беше 32.951 долари. Падот под тоа ниво би бил најниската вредност за биткоинот од јули минатата година.
Цената на пченицата има иста вредност како вчера и изнесува 1.108 долари за тон.
Цената на пченката е 784 долари за тон, што исто така е иста вредност како вчера.