Пациентите да бидат спокојни, нашата држава ги има истите лекови што ги користат западно европските држави – вели директорот на МАЛМЕД

Пациентите може да бидат спокојни, на пазарот во нашата држава ги има лековите од сите реномирани фармацевстки производители и истите лекови што ги користат западно европските држави. Ова го изјави Роберт Бекироски, директор на МАЛМЕД, агенцијата за лекови и медицински средства на анкетната комисија за случајот „Онкологија.

„Целта е да се расчисти овој случај, се што треба ќе ви доставиме, целата документација која ви е потребна. Од 2016 година доставивме два договори за јавни набавки кои што ги имаме направено и тие се јавно достапни“, посочи Бекироски.

Како што истакна тој, нивна должност е на граѓаните да им се обезбедат квалитетни лекови.

Анкетната комисија што ја формираше Собранието за утврдување одговорност за скандалот на Клиниката за радиотерапија и онкологија продолжи со работа и сослушува сведоци и експерти и разгледува акти и документи.

Одлуката за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на оваа клиника, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка.

Наводите за злоупотреба на лекови на клиниката, предизвикаа реакции во јавноста и низа протести.