Порфириј – патријархот на Српската православна црква денеска во Соборниот храм во Белград му го врачи томосот на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан за признавање на автокефалноста на Охридска архиепископија.
Според информациите на српските медиуми, Порфириј пред врачувањето на томосот истакнал дека се создадени услови Охридската архиепископија да биде самостојна црква.
Во беседата српскиот патријарх препорачал МПЦ сега да најде соодветно име. Тој исто така, рекол дека чинот на признавање на автокефалноста не ја дели црквата, туку дека расте заедно во љубов и хармонија.
Порфириј истакнал дека е многу среќен затоа што и Србите и Македонците во С. Македонија се среќни за автокефалноста на Македонската православна црква. Порачал дека црквата не може да биде оружје и дека не е оружје за постигнување други цели.
На 24. мај годинава, на заедничка литургија во Соборниот храм во Скопје, српскиот патријарх Порфириј објави дека СПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА.