Патријархот Кирил – поглаварот на Руската православна црква изјави дека се надева оти конфликтот во Украина наскоро ќе заврши, но тој во велигденското послание не ја осуди руско-украинската војна.
„Господ нека го помири нашиот народ во Украина, во Донбас, каде што сѐ уште се пролева крв“ – рече тој на богослужбата во Москва.
Патријархот го повтори тврдењето на претседателот на Русија – Владимир Путин дека Русите и Украинците се во суштина иста нација.
„Господе, дај го овој велигденски подарок, да им помогне на оние кои се вклучени во овој тежок конфликт, да ги смират своите срца, умови, души, за што побрзо да завршат меѓусебните судири и да завладее долгоочекуваниот мир“ – рече патријархот Кирил.