Вакво криминално гнездо мора да се разбие до крај, таа партија мора да биде дерегистрирана, рече министерот за внатрешни работи на вечерашната вонредна прес-конференција, мислејќи на политичката партија Трета, чиј лидер е токму Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Спасовски обвини дека партијата е под странско влијание.
– Не знаеме какви ставови застапуваа лицето и неговата партија? Не знаеме дека директно се спротивставија на нпредокот на државата и се спротивставија на НАТО? Не знаевме за неговите емисии во коишто директно ѝ се спротивставуваа на државата? На тие влијанија мислев – рече Спасовски.
Министерот за внатрешни работи вечерва ја информираше јавноста дека Палевски е приведен на територијата на Турција.