Партијата на Борисов ги прекина преговорите за состав на бугарска влада

ГЕРБ-СДС ги прекина преговорите за формирање влада, соопшти вчера прес-центарот на ГЕРБ.

„По одбивањето на „Демократска Бугарија“ да ја поддржи првата номинација на ГЕРБ-СДС во лицето на Бојко Борисов за премиер, ГЕРБ-СДС го номинираше Росен Желјазков.

Денеска „Демократска Бугарија“ ја отфрли и втората номинација. Како резултат на тоа, ГЕРБ-СДС ги прекинува преговорите“, соопштија од партијата.

Оттаму додаваат дека се благодарни за учеството во преговорите на екипите на „БСП-Обединета левица“ и „ИТН“ и за конструктивниот тон од нивна страна.

„Од медиумите дознавме дека ГЕРБ ги завршува преговорите“, објави Демократска Бугарија на својата Фејсбук страница, откако ГЕРБ-СДС објави дека не е постигнат договор за кадровскиот состав и името на премиерот на идната влада.

„Денеска во 16 часот и 20 минути заврши уште една средба од преговорите меѓу ГЕРБ-СДС, „Демократска Бугарија“, „БСП-Обединета левица“ и „Има таков народ“. Договорот за заедничко управување е завршен, иако е во многу напредна фаза, реагираа од „Демократска Бугарија“.

ДБ потврди дека ги одбиле предлозите на ГЕРБ за премиер.