Партијата на Албин Курти на чекор до апсолутно мнозинство на изборите

Пребројувањето покажува дека Самоопределување ја надминува границата од 50 отсто освоени гласови

Официјалното пребројување на гласовите од изборите во Косово во неделата покажува поинаков распоред на силите од излезните анкети. Според избројаните ливчиња од 2.351 избирачко место од вкупно 2.557 Самоопределување на досегашниот премиер Албин Курти ја надмина клучната граница и има поддршка од 50,1 отсто од гласачите. Излезните анкети предвидуваа дека партијата ќе освои 44 проценти од гласовите.

Втора е Демократската партија на Косово со 21 процент, трет e Демократскиот сојуз на Косово со 13,9 отсто, а четврт е Сојузот за иднина на Косово со 5,9 проценти.

Овие резултати, кога ќе се добројат гласачките ливчиња би можеле да му донесат апсолутно мнозинство на Самоопределува и Ксово да излезе од политичкиот ќор-сокак во кој влезе по последните избори.