
Партијата за движење на Турците бара нов изборен модел по мерка на помалите заедници
-За целосно остварување на демократските принципи на Охридскиот рамковен договор, постои потреба од воведување на подемократски изборен модел. Ваков модел би овозможил посилна и поправична застапеност на сите заедници, особено на помалку бројните, во демократските процеси, зајакнувајќи ја довербата во институциите и промовирајќи вистинска еднаквост.
Партијата за движење на Турците – ТХП го поздравува историското значење на Охридскиот рамковен договор, кој постави основа за инклузивно општество и за зајакнување на правата на сите заедници. Сепак, партијата смета дека е неопходно континуирано усовршување на неговата имплементација, со цел целосно остварување на неговите принципи, а посебно внимание да се посвети на помалку бројните заедници, кои мора да бидат рамноправно вклучени во сите општествени процеси и да ги почувствуваат конкретните придобивки од овој договор.
-За целосно остварување на демократските принципи на Охридскиот рамковен договор, постои потреба од воведување на подемократски изборен модел. Ваков модел би овозможил посилна и поправична застапеност на сите заедници, особено на помалку бројните, во демократските процеси, зајакнувајќи ја довербата во институциите и промовирајќи вистинска еднаквост.
Веруваме дека само преку заеднички напори, дијалог и посветеност на сите чинители во општеството можеме да изградиме држава во која секој граѓанин, без оглед на етничката припадност, ќе се чувствува рамноправен и вреднуван. ТХП останува посветена на промовирање на овие вредности и на поддршка на политиките што водат кон целосна реализација на духот на Охридскиот рамковен договор.Нека оваа годишнина биде потсетник за важноста на единството, солидарноста и заедничката работа за подобра иднина за сите, порачаа од Партијата на Турците.