„Пари“ открива: Лани повеќе се одело по кафеани и хотели: За 9 месеци потрошени 270,2 милиони евра
Заклучно со септември минатата година во хотелско-угостителскиот сектор се слеале 270,2 милиони евра. Нашите сограѓани, како и туристите што ја посетиле Македонија толку пари потрошиле на храна, пијалаци и ноќевања, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика, објавени на последниот ден од претходната година.

Угостителите и хотелиерите може задоволно да ги тријат рацете за сработеното во овој период, затоа што имаат остварено поголем приход отколку претходната година во истиот период од 9 месеци. Приходот во 2023 година заклучно со септември бил 246,5 милиони евра, или за 23,7 милиони евра помалку од оној во 2024 година за истиот период.
Сепак, мора да се земе предвид дека дел од растот на приходот се должи на инфлацијата којашто во угостителскиот сектор во деветте месеци од 2024 година во однос на деветте месеци од 2023 година изнесувала 5,5 насто.
Но, факт е дека дури и да се додаде тој процент на прометот за периодот од јануари до септември 2023 година ќе се добијат 260 милиони евра, што пак е помалку од ланскиот приход од 270,2 милиони евра, покажува пресметката на порталот Пари.
Целиот текст прочитајте го тука