Пари: Кои акции беа вистински шампиони во регионот Адрија со растот на цената во 2024 година

Анализата покажа дека дваесет компании се вистински шампиони со раст на цената на нивните акции од 80 насто до фантастични 995 насто.

Анализата покажа дека дваесет компании се вистински шампиони со раст на цената на нивните акции од 80 насто до фантастични 995 насто.

Убедливо најголем раст на цената на акцијата има српската компанија Путеви од Пожега, која во 2024 година беше предмет на преземање од страна на друга компанија Путеви од Ужице. И оваа компанија бележи рекорден раст на цената на акцијата од дури 135,79 насто. И двете компании се занимаваат со изградба и одржување на патишта.

На листата на дваесет компании со најголем раст на цената на акциите се и пет банки, меѓу кои со растот на цената на акцијата предничи Подравска банка од Хрватска. Таа е на второ место на листата на 20 берзански шампиони, со раст на цената на акцијата од 164,5 насто.

Меѓу останатите четири банки дури три се од МакедонијаСтопанска банка ‒ Скопје бележи раст на цената на акцијата во минатата година од 125,1 насто, Комерцијална банка ‒ Скопје има ценовен раст на акцијата од 99,3 насто, а НЛБ банка ‒ Скопје ја заврши 2024 година со зголемена вредност на акцијата за 89,22 насто.

Целиот текст прочитајте го тука